
Војската на САД користела муниција со осиромашен ураниум во цивилни зони во текот на воените операции во Ирак во 2003 година, тврди независниот тим на холандски истражувачи. Истражувањето кое го извела мировната група PAX,а го објавило министерството а одбрана на Холнадија, а го пренесе „Раша Тудеј“.
Како што се наведува, испалени се дури 300.000 проектили со осиромашен ураниум, поголемиот дел во густо населени места. Забранета муниција е користена во Самава, Насирија и Басри, а 1500 противоклопни метци се испалени на пешадијата на Садам Хусеин.
Истражувачкиот тим ги објави координатите на местата на кои се искористени 10.000 куршуми, но се претпоставува дека контаминацијата е многу поширока. Координатите прво се предадени на холандските власти од страв дека војската на оваа земја не биде распоредена на загадените подрачја.
Во истражувањето се истакнува дека не постоела стратегија за расчистување на теренот после конфликт и дека заради тоа драстично е зголемена веројатноста дека цивилното население доаѓа во директен контакт со осиромашен ураниум.
„Силите на Коалицијата се двоумеле за расчистување надвор од сопствените бази, како и за делење на информации со ирачките власти, што заедно со ограничените технички капацитети на властите на Ирак и фактот дека оваа тема е ниско на листата на приоритети доведе до неефекасно решавање на прашањата на контаминираниот отпад и земјиште“ се наведува во заклучоците од истражувањето.
Се додава дека не се почитувани меѓународните прописи, како и дека и покрај повиците на ОН не е развиена долгорочна стратегија на решавање на овој проблем.
„Цивилите кои живеат во близина на контаминираните подрачја, работниците на отпадите за метал, ирачките доктори и научници повеќе пати изразувале загриженост заради потенцијалното влијание на осиромашениот ураниум на здравјето на луѓето и околината. Иако нема јасни податоци за контаминацијата, па тешко е да се дадат јасни известувања за ризиците, факт е дека ризици постојат и на нив мора да се одговори“ се наведува во истражувањето.
Се истакнува дека во ирачките градови и села се наоѓаат илјадници контаминирани возила, како и дека во земјата се закопани повеќе илјади чаури и зрна со осиромашен ураниум.
Според претходниот извештај на PAX, контаминирани се повеќе од 300 локации, а расчистувањето на теренот би чинело околу 30 милиони долари.