САД можеби по грешка урнале свој дрон, тврди Иран

Соединетите држави можеби урнале едно од своите беспилотни летала над Ормутскиот теснец, објави во петокот помошникот ирански министер за надворешни работи Абас Арагчи негирајќи дека Иран загубил беспилотно летало.

„Мислам дека американскиот воен брод Boxer урнал еден од сопствените дронови. Немаме загубено никаков дрпн над Ормутскиот тесниц или што и да е друго“, напиша Арагчи на Twitter.

Станува збор за инциден во кој, според претходната објава на американскиот претседател Доналд Трамп, американски воен брод во четвртокот урнал иранско беспилотно летало на Ормутскиот теснец, бидејќи му се проближило на опасна близина на бродот. Според Трамп, иранскиот дрон дошол на помалку од 1.000 метри на брод „USS Boxer“ кој извел „одбранбена акција“ и „беспилотно летало е уништено“.

Трамп, исто така, ги повикал и другите земји да го „осудат Иран“ да ги заштат своите бродови. Портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман, во соопштение го потврди инцидентот, додавај ќи дека се случил дека додека со „USS Boxer“ се подготвувал да влезе во Ормутскиот теснец.

Запрашан при доаѓањето во седиштетот на Обединетите нации во Њујорк за уривањето на дронот, иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, изјави дека нема „никаква информација за губење на дронот“.

Иран 20-ти урна американски дрон, кој како што тврди, навлегол во неговиот воздушен простор. Доналд Трамп два дена подоцна во последен момент ги откажал воздушните удари врз Иран за да спречи човечки загуби, и натаму заканувањејќи му се на Техеран дека ќе понесе последици поради уривање на дронот.