Функционери на американското министерство за финансии објавија во вторникот дека планираа на состанокот на министрите за финансии од седумте индистриски најразвиени земји во светот групата Г7 ќе предложат европските земји да воведат царини на увозот на руската нафта, што би била побрза алтернатива од воведувањето на целосното нафтено ембарго од шестиот пакет антируски санкции на Европската унија.
Функционерите на ЕУ разгледуваат постапно воведување на целосно ембарго во рамките на шестиот круг санкции против Русија поради нејзината воена интервенција во Украина, но загриженоста на некои земји членки, особено на истокот, во врска со снабдувањето со нафта претставува голема пречка за тој план,
Царинскиот механизам кој САД би требало да го предложат би бил дизајниран, така што руската нафта нема да биде истисната од пазарот, што меѓу другото ќе предизвика и уште поголемо зголемување на цените на горивата, но да се огреничи износот на приходите коишто Русија може да ги оствари преку нејзиниот извоз, дознава агенцијата Reuters на извори до американското министерство за финансии.
Министрите за финансија и гувернерите на централните банки на земјите од Г7 треба да се состанат подоцна оваа седмица.
Имајќи предвид дека руската нафта со долгорочни договори се продава со попуст во однос на глобалната референтна вредност, царината би можело да се постави на ново коијашто би го опфатила делот од таа разлика и така би ја намалила руската добивка, сметаат американските функционери. Меѓутоа, истовремено царината би морала да биде доволно ниска за Русија да заработува повеќето отколку шта ја чини производството, со што би имала поттик и причина да го продоли извозот, додале.
Со оставањето на руската нафта би се избегнале скоковите на цените на нафтата поради нафтеното ембарго на ЕУ, коишто, пак, би можело да го надомести влијанието на ембаргото на руските приходи. Сепак Западните земји се пренствено загрижени за продолжениот раст на цените на горивата, што се одразува врз актуелниот економски пад во тие земји, а може да има импликации и врз политичката стабилност на тамошните општества.
Американските функционери тврдат дека „бројни влади имаат изразена желба“ да престанат да ја купиваат руската нафта, што е поскоро можно, но тоа носи со себе голем ризик од тоа што директното ембарго би можело значително да ги зголеми цените на нафтата.
Американското министерство за финансии разгледуваат механизми за одредување на цените, вклучително и на царините, за да може да се заштити глобалната економија од наамошна штета поради високите цени на енергенсите. Приходите од церните би можело да се слеваат во вонд за закрепнување и обновување на Украина, со што би се задоволиле желбите на Западот, Русија да плати барем дел од масовната обнова.
Овој американски предлог следеше откако италијанскиот премиер Марио Драги минатата седмица во текот на состанокот со американскиот претседател Џо Бајден ја изложи идејата за формирање картел на купувачите на нафтата за а се помогне да се ограничат цените на нафтата, наспроти картелот Организацијата на земјите произведувачи на нафта (OPEC) кои тесно соработуваат со другите произведувачи предводени од Русија во ткн OPEC+.