САД потпишааа договор во изност од 1,5 милијарди долари со фармацевтската компанија „Moderna“ за производство на 100 милиони дози од нејзината потенцијална вакцина за Covid-19, објавија во вторникот компанијата и Белата куќа.
САД последните седмици поптишаа низа договори за набавка на стотина милиони дози од потенцијалните вакцини против коронавирусот од неколку компании во рамките на специјалната програма „Operation Warp Speed“, со која би требало да се обезбеди безбедна вакцина до крајот на годината.
Цената на вакцината на „Moderna“ би требало да изнесува околу 30 долари по лица за двете потребни дози. Тоа е речиси истата цена која е постигната и со другите произведувачи на потенцијалната вакцина.
Кандидатот за вакцина на „Moderna“ под ознаката mRNA-1273, е еден од ретките препарати кои се наоѓаат во завршната фаза од тестирањето на луѓе. Студијата во која се вклучени 30.000 луѓе би требало да заврши до крајот на септември, објави компанијата претходно месецов.