САД сѐ поблиску до бројката од 250.000 починати од Covid-19, за Мекинени мерките се „орвеловски“

Соединетите држави се сѐ поблиску до надминувањето на прагот од 250.000 починати од компликациите предизвикани од заразата со коронавирсот во средата, поради што локаните власти воведуваат сѐ построги ограничувања и се закануваат со судски постапки, што портпаролката на Белата куќа ги оцени како „орвеловски“.

Во вторникот во САД од коронавирусот починале 1.596 лица, што е најмногу во еден ден од 27-ми јули, а од почетокот на епиднијата вкупно се потврдени 248.898 смртни исходи, според податоците на агенцијата Reuters.

Здравствените стручњаци и работници од претходно предупредуваат дека наскоро болниците во сите региони на САД ќе бидат преоптоварени, и дека ширењето на заразата е многу јасно во многу области од земјата.

„Најзагрижен сум од почетокот на пандемијата“, изјави во средата за телевизијата CNN, Том Инглзби, директор на Центарот за здравствена безбедност при универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Во вторникот биле хоспитализирани рекордни 75.000 пацинети. Американскиот Среден Запад стана сега епицентарот на коронавирусот со речиси милиони нови случаи на коронаинфекцијата во една седмица. Во сојузната држава Висконсин пополнети се 90,6 отсто од креветите на одделите за интензивна нега, според официјалните податоци објавени во средата.

Властите во најмалку 18 сојузни држави, од почетокот на ноември воведуваат нови мерки, вклучително и построги ограничувања за собирања и носење маски на јавни простори. Функционерите, кои првично избегнуваа од воведувањето социјални ограничувања, го менуваат мислењето откако вирусот остро започна да се шири.

Портпаролката на Белата куќа, Кели Мекинени, во средата новиот бран ограничувања го оцени како пречекорување на овластувањата на функционерите на локално и на ниво на сојузните држави кои повикаа на избегнување на собирања по повод Денот на благодарноста, кој Американците го слават традиционално со собири на поширокото семејство. Таквите мерки Мекинени го нарече „орвеловски“.

„Мислам дека многу од препораките коишто ги гледата се орвеловски“, рече Мекинени во интервју за телевизиската мрежа Fox News.

„Американскиот народ знае како да го заштити своето здравје. Се носевме со ковидот со мееци“, додаде Мекинени директно критикувајќи го гувернерот кој во западен Орегон ги ограничи собирањата на шест лица и се закани со судски постпаки против оние кои ќе го прекршат тоа.

„Ние во оваа земја не ја губиме нашата слобода. Ние, како поединци, носиме одговорни здравствени одлуки“, додаде Мекинени.