САД сакаат целосно да ја лишат Русија од приходите од извозот на нафта и гас

Соединетите држави и нивните сојузници ќе се обидат со текот на времето да ја лишат Русија од секаков приход од извозит на нафтата и гасот, изјави во средата заменикот-советник за национална безбедност на американскиот претседател Далип Сингх.

„Во право сте, приходите од нафтата и гасот се главниот приход кој и остана на Русија. И ние веруваме дека со текот на времето ќе можеме да ја лишиме Русија од статусот клучен снабдувач со енергенси. Работиме со Германија на затворање на гасоводот Северен тек 2. Го прекинавме пристапот на Русија до неопходните технологии во енергетскиот сектор“, изјави Сингх за американската телевизија CNN.

Како што истакна претставникот на Белата куќа, за спроведувањето на таквите мерки ќе биде потребно извесно време.

„Сепак, на крајот очекуваме да ѝ ги скратиме на Русија сите приходи коишто ги добива од испораките на нафтата и гасот“, рече високо позиционираниот американски функционер.

САД поскапувањето на енергенските на светските пазари, како и растот во малопродажбата дома, постојано го поврзува со руската воена операција во Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден, како дел од новиот бран санкции против Русија на почетокот од март потиша извршен указ за забрана на увозот на руски енергенси како и нови инвестиции во рускиот енергетски сектор. Потоа цените на горивата на бензинските црпки во САД, но и во Велика Британија и други западни земји, почна остро да расте, за што Американците главно ги обвинуваат Бајден и неговата администрација.