САД: Украина има право да ја брани својата територија

САД сметаат дека Украина има право да ја брани својата територија, изјави портпаролката на американскиот Стејт епартмент, Џен Псаки.

Ваквата изјава на Псаки доаѓа во момент кога Киев распоредува трупи во источниот дел на земјата, а портпаролката најавува дека САД се подготвени да разговараат со сојузниците во Европа за нови санкции кон Русија.

– Гледаме актуелна, континуирана и очигледна повреда на протоколот од Минск од страна на Русија и нејзините полномошници во источниот дел на Украина, изјави портпаролката на Стејт департментот.

– Наша цел е да видиме дека примирјето продолжува, нагласи Псаки, додавајќи дека останува правото на Украина да се брани себе и својата територија.

Според Псаки, ЕУ разгледува додавање нови санкции кон проруските сили во Украина на постоечката листа санкции воведена кон Москва и дека Вашингтон паралелно разгледува со ЕУ можности за заедничко наметнување поголеми трошоци на Русија за нејзиното неприфатливо однесување.