Доколку немате идеја што да зготвите денеска, ви предложуваме салата со макарони и туна и слатка салама со смокви локум.
Потребно:
1/ 2 пакетче ситни макарони без јајца
1 пакетче зеленчук златна мешавина
2 конзерви сецкана туна
6 лажици ајвар
Мешав сув зачин, сол и црн пипер
Подготовка:
Ги вариме состојките од мешаниот зеленчук и ги процедуваме. Макароните исто така половина или малку повеке од пола ги вариме со малку сол. И нив ги процедуваме. Во длабок сад ги додаваме сите потребни состојки потребни за оваа салата и добро промешуваме. Ајварот го додаваме најпосле и салатата ја мешаме се додека не се соединат добро сите состојки.
Многу вкусен десерт кој брзо се подготвува.
Потребно:
250 гр смокви
25о гр локум
250 гр ореви.
Подготовка:
Оревите и смоквите ситно се сецкаат. Потоа, се месат со локумот убаво и се формира саламата. Се остава да се стегне во фрижидер, а потоа се служи исчена на тенки парчиња.