Ирачкиот претседател Бархам Салех изјави во средата дека неговата земја не сака да биде ниту на страната на САД, ниту на страната на Ирна во конфликото на овие два сојузника на Багдад, како и дека на американскиот претседател Доналд Трамп во рамките на нивната средба на маргините од економскиот форум во швајцарски Давос му порачал дека „сега не е време за упте еден конфликт“.
Салех истакна дека неодамнешното гласање во ирачкиот парламент со кое се повикува на заминување на странските војници од Ирак не треба да се сфати како „знак на неблагодарност или непријателство“, туку како одговор на нарушувањето на ирачкиот суверенитет.
Тензиите меѓу САД и Иран се разгореа откако на 3-ти јануари во американски воздушен напад во Багдад беше убиен влијателниот ирански воен командант Касем Сулејмани на што Техеран одговори по пет дена со ракетирање на две ирачки воени бази во кои се сместени американски војници.
Во меѓувреме на 5-ти јануари ирачкиот парламент донесе резолуција за прогонување на странските сили од земјата, меѓу кои и 5.200 американски војници. САД не ја прифаќаат оваа одлука, бидејќи за неа не гласале пратениците од сунисткото и курдското малцинство, и бара од Багдад да го потврди сојузништвото мешу двете земји.
„Ескалацијата на тензиите (…) нѐ потсети дека нашите тежнеење се подолжни на политички кавги коишто нѐ надминуваат, како и на непосакувани странски мешања. Не е во наш интерс да склучуваме сојуз со една од страните на штета на другата, доколку и двете го почитуваат нашиот суверенитет и нашата независност. Ниедна земја не треба да му пропишува на Ирак какви врски ќе има со другите земји“, порачла Салех.
„Доколку продолжи непријателството меѓу нашите соседи и сојузници, доколку не биде почитуван нашиот суверенитет и доколку нашата земја се користи како бојно поле, не можеме да очекуваме дека ќе ја спроведеме нашата програма“, истакна Салех мислејќи на бројните реформи кои стојат пред ирачката влада.
Салех претходно на маргините од 50-от економски самит во Давос се сретна и со американскиот претседател Трамп. Белата куќа објави дека двајцата челници се договориле за потребата од продолжување на воената соработка меѓу двете земји.
Ирачки извори, пак, за медиумтие велат дека Салех ги повикал САД да не го ограничуваат пристапо на Ирак до своите проходи од нафтата кои се чуваат во американската централна банка Federal Reserve (Fed) во Њујорк. Ирачкиот претседател притоа оценил дека е многу важно САД да го продолжат изземањето со коешто на Багдад му се дозволува да купува ирански гас и покрај американските санкции за Техеран.
Средбата на иранскиот и американскиот челник во Давос беше првиот контакт меѓу нив по ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран.
„Имавме многу добар разговор со претседателот (Трамп). Повеќе од сѐ ние е потребна воздржансот, да се смири ситуацијата, сега не е време за уште еден конфликт“, изјави Салех говорејќи на панел сесијата во швајцарското зимувалиште.