Сали: Не се потребни мерки кога опаѓа бројот на заразени, ќе се прави склучаен скрининг на учениците

Министерот за здравство, Беким Сали денеска се вакцинираше со трета доза, и говореше за состојбата со корона вирусот во земјава. Бројките во последниот месец нагло се зголемија, но тоа не е причина да се воведат нови мерки.

– Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали по посетата на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје каде ја прими третата доза на вакцина.

Вчера, Синдикатот за образование, науак и култура побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Сметаат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

За иницијативите на групи родители кои најавуваат дека ќе ги пуштат децата без маски на училиште, министерот Сали вели дека тоа се неофицијални иницијативи. Од Министерството апелираат на почитување на мерките како носење маски, држење соодветно растојание и честа дезинфеција.