Салиу: Финансиската полиција станува новото СЈО за СДСМ

Новинарот Фуркан Салиу во петокот во објава на социјалните мрежи посочи дека актуелната власт предводена од СДСМ започнува со користење на Финасиската полицијата за пресметка со опозицијата правејќи споредба со некогашнот Специјални јавно обвинителство (СЈО)
„Финансиската полиција е новото #СЈО за СДСМ.
А #СДСМ е абдејтирано ВМРО2.0
На два дена пред да започне изборната кампања, се покренува постапка против кандидат на опозицијата. Од 300 поднесени претставки, се решија да постапат за #Петровец.
Не навлегувам во тоа дали е виновен или не. Но ова СДСМ сѐ повеќе личи на она ВМРО на Груевски, и тоа е сѐ поочигледно“, реагира Салиу.
Притоа објавува видео-материјал од прашањата упатени до владиниот попретседател задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси,  Љупчо Николовски и шефот на Управата за финансиска кампања Арафат Муареми.