Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави денеска дека нема да дозволи 140 мигранти да слезат од бродот на италијанската крајбрежна стража се додека Европа не се согласи да ги прими.
На многумина од мигрантите кои се приклучија денеска на бродот на крајбрежната стража минатата ноќ им помогнал еден рибарски брод од Сицилија, чиј екипаж им дал вода и храна и ја повикал крајбрежната стража.
Салвини рече дека ниту едно пристаниште нема да биде одредено за истоварување мигранти, додека другите европски земји не се согласат да ги примат.
Тој бара и останатите земји на Европската унија да ги поделат трошоците и логистиката за превоз на мигрантите, кои најчесто доаѓаат од Либија.
Голем број од луѓето кои доаѓаат преку Медитеранот се економски мигранти од Африка и Азија кои немаат право на азил.