Грчкиот премиер Андонис Самарас во 2011 година заработил 128.000 евра, пренесуваат локалните медиуми.
На интернет страницата на грчкиот Парламент биле објавени приходите на 694 политичари во Грција, меѓу кои и на премиерот.
Во списокот има и поранешни и актуелни министри, заменик-министри. Заменик-претседателот на Парламентот Јоргос Каланѕис соопшти дека изјавите претходно биле предмет на ревизија од страна на овластени јавни сметководители.
Изворте на богатство вклучуваат недвижен имот, домашни или странски акции и обврзници и сите финансиски производи, банкарски и слични депозити дома и во странство, возила од сите видови, и партнерства во компании. Ревизорите ја провериле и усогласеноста меѓу соопштените приходи и податоците за трошоци за живот на секое лице.
Изјавите ќе останат објавени еден месец, а според промените во законот, од следната година извештаите за „изворите на средства“ на политичарите ќе бидат објавени само ако има промена во приходите.
Премиерот Антонис Самарас за 2011 година пријавил приход од плата помал за 1.000 евра во споредба со 2010 година. Според неговиот извештај, во 2011 година имал вкупно плата од 99.854,8 евра, а неговиот приход од други извори инесувал 28.329,99 евра. Во 2010 година, неговата плата изнесувала 102.168 евра, а другиот приход 25.044 евра.
Пријавениот приход на неговата сопруга Георгија во 2011 изнесувал 52.525,89 евра, додека во 2010 година бил 53.625 евра.
Двојката во 2011 година вкупно пријавила банкарски депозити од 297.675,38 евра и 983,30 британски фунти, додека во 2010 година тие имале 276.679 евра, 25.119 фунти и 12.825 американски долари. Тие заедно поседуваат 3.800 акции. Деталите на надвижностите исто така се објавени на интернет страницата.