Само бод за Монако против Бордо, ПСЖ не играше поради Жолтите елеци

Фудбалерите на Монако по серијата добри резултати со кои побегнаа од опасната зона освои само бод пред своите навивачи во саботата вечерта во рамките на 28-то коло од француското првенство.

Клубот од Кнежевството остана непоразен и шести натпревар во низа, има три победи и три ремија.

Водечкиот гол за Монако го постигна капитенот Радамел Фалкао во 48 минута, а Бордо го освои бодот откако Бриан реализираше пенал. Монако сега има 27 бодови со кои е на 17-то место, шест повеќе од Дижон кој е место подолу кое води во квалифкациите за опстанок во лигата. Бордо, пак, е 13-ти со 33 бодови.

Лион испушти голема шанса да триумфира на гости кај Стразбур, откако водеше со 2:0 со головите на Муса Дембеле во 3 и 51 минута. Но во интервал од само една минута, во 69 и 70 минута, преку Ажорке, домашните спасија бод. Лион остана на третото место со 50 бодови, четири помалку од второпласираниот Лил на местото кое води директно во Лигата на шампионите а има и меч помалку, а Стразбур е 9-ти со 38 бодови.

Жуираси во 49 и Пјетер во 64 минута ги постигнаа погодоците во победата на Амјен над Нимс за кој стрелец беше Алиуи во 53 минута. Амјен е 16-ти со 28 бодови, а Нимс е 11-ти со 27 бодови.

Дижон и Ремс постигнаа по еден погодок во првата фаза од мечот и тој резултат (1:1) остана до крајот, гостите поведоа преку Зенели во 9 а домашните израмнија од пенал во 13 минута кој го реализираше Слити.

Водечкиот на табелата ПСЖ не го одигра гостинскиот натпревар кај Нант, поради протестот на движењето Жолти елеци и неможноста „Светците“ да отпатуваат на дуелот.

Во недела играат Монпелје – Анжер, Сен Етјен – Лил, Тулуз – Гинган, Рен – Каен и Марсеј Ница.