![rajan gosling](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/tumblr_lpe2dutgau1qfmtsto1_500.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Овие згодни мажи кои имаме прилика да ги гледаме на големите и малите екрани едноставно воодушевуваат со својот стас, со шармот, неодоливите насмевки и на тоа додадено малку мистерија – ах кој може да остане рамнодушен.
10 Кристијан Бејл – самоуверен, згоден и голем актерски талент. Телото најмногу го „изваја“ за улогата на Бетмен, а најсекси сцени имаше во филмот „Американски психо“.
9. Јан Сомерхалдер – секси вампирот кој освојува со своите дефинирани мусклули, интересен хумор и продорните сини очи. Обожавателките не можат да одолеат на овој љубител на животни и неговата хуманитарна страна.
8. Џастин Тимберлејк – секси глас, одличен стат, хумор, а пред се’ завидна музичка кариера. Погледнете ги неговите најсекси сцени (но и некои смешни) од филмот „Пријатели со привилегии“.
7. Мет Дејмон – овој одличен актер освојува со завидната комбинација на добро и лошо момче. Во својата кариера има снимено голем број разголени сцени.
6. Чанинг Татум – особено завидно тело, одлична смисла за хумор, одлично танцува, романтичен но и борбено момче. Погледнете 10 пирчини зошто го сакаме Чанинг.
5. Крис Хемсворт – женската публика дефинитивно ја освои со улогата на Тор. Овој забавен скандинавски бог во филмот откри и божествено тело кое измами воздишки од милиони жени.
4. Бред Пит – со децении доминираше на врвот од листите за најсекси актер, а освен одличното тело кое внимателно го негува, освојува и со заразната насмевка, сините очи и секако со шармот.
3. Хју Џекман – улогата на Волверин му донесе најголема слава, а со него доби и многу женски обожавателки. За неговото совршено торзо копнеат многумина, но тој остана верен само на една – неговата сопруга.
2. Рајан Гослинг – апсолутен секс симбол на денешницата женските срца ги освојува со таинствената тврдоглавост и добрите ликови од романтичните филммови. Филмот „Notebook“ е еден од најголемите романтични хитови било кога, а неговата изведба во „Crazy, stupid, love“ предизвика вистинска бура меѓу жените.
1. Метју Меконахи – уште еден од секс симболите во последните 15 години е апсолутен првак и во голем број филмски сцени и во кои го открива своето моќно торзо. Метју пак не е привлечен само поради телото туку и поради фантастичниот шарм и хумор.