Сан Франциско веројатно ќе дозволи на полицијата да користи роботи што убиваат

Градската управа на Сан Франциско во вторникот усвоила документ којшто веројатно би ѝ овозможил на полицијата да користи роботи оспособени да убиваат криминалци во исклучителни случаи – како терористички напади или масовни убиства, коишто често се случуваат во САД.

– Употребата на роботи во потенцијално опасни по живот ситуации, е последно средство, изјави началникот на полицијата во Сан Франциско, Бил Скот.

Конечната одлука на градските власти се очекува на 6 декември, но случајот веќе предизвика полемика и контроверзии. Противниците на предлогот стравуваат дека доколку биде усвоен, тој може да доведе до зголемување на полициската бруталност, и иднина како „во ’Терминатор‘ филмовите“.