Сапун од секретот на полжав лансиран на пазарот во Франција

Лигавата пена се лизга низ рацете на младиотфранцуски претприемач Дамиен Десроше додека полека трие еден од илјадниците полжави коишто ги чува во оградената градина во својот двор, а добиената течност ја користи за изработка на сапун кој во декември започна да го продава во локалните продавници.

Дваесет и осумгодишниот француски полжави излачувањето од полжавот за изработка на сапунот започнал да го користи уште минатата година, а на пазарот готовиот производ го понудил првпат во декември.

Додека го „бере“ секретот, овој поранешен компјутерски техничар кој работел во воздухопловството појаснува дека „сѐ е во умешноста и начинот на кој се трие мекото ткиво на полжавот“. Притоа истакнува дека со таа постапка животните не се убиваат.

Десроше одлучил да започне со одгледување на полжави во градот Вањиес на северот од Франција, бидејќи се заситил од дотогашната работа и поскал „да ѝ се врати на природата“.

„Еднаш кога ќе видите како полжавите се однесуваат, сфаќате дека тоа се всушност многу мили животинки“, вели.

Досега одгледал околу 60.000 полжави. Дел од нив влегуваат во својата репродуктивна газа, па Десроше ги преместува на поголема површина, а околу 4.000 ги држи во ограден простор и од нив го „бере“ слузот.

Еден полжав дава околу 2 грама слуз, што значи дека за производство на 80 грама му се потребни околу 40 полжави. Тоа количество е доволно за производство на 15 сапуни од по 100 грама.

Иако е доста невообичаен во западната козметика, секретот од полжав се користи во разни корејски козметички производи кои важат како многу ефикасни во спречувањето и ублажувањето на знаците за стареење на кожата.

Десроше појазнува дека исцедокот содржи молекули на колаген и еластин кои имаат силни „анти-ејџ“ и лековите својства. Додава дека полжавите ја користат сопствената слуз за да ги поправат своите оштетени куќарки.

Младиот претприемач вели дека целта му е во првата година од производството на пазарот да пласира 3.000 сапуни.