Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, по финалето од англискиот Лига (Карабао) куп против Манчестер Сити, кој неговиот тим го загуби по изведувањето на пеналите, кое беше одбележано со инцидентот во 120 минута кога голманот Кепа Аризабалага одби да биде заменет, виновно е „недоразбирањето“.
„Не разбрав во што е проблемот и ситауцијата ми ја разјасни дури лекарот кога се врати на клупата. Дојде до големо недоразбирање, бидејќи јас сфатив дека голманот има грчеви и затоа нема да може да ги брани пеналите. Но, не станувало збор за грчеви и тој можеше да продолжи да брани“, изјави Сари по натпреварот.
На прашањето зошто во еден момент излезе разгневен од стадионот, па се врати, Сари одговори:
„Морав да се вратам за да се смирам. Кепа сфатил дека јас барам замена поради неговиот физички проблем, а тој ми рекол дека нема таков проблем и беше во право. Разговарав со него и ја разјаснивме ситуацијата“, појасни Сари.
И клубот Челзи преку својот официјален профил на Twitter испрати слична порака.
„Маурицио Сари рече дека конфизијата околу замената на Кепа е ‘големо недораззбирање’, бидејќи тој мислел дека играчот има грч. Но, сега вели дека Кепа бил во право и дека можел да продолжи да игра, иако начинот на кој тоа го стори е погрешен. Сари сега мора да разговара со Кепа“, порачуваат од лондонскиот клуб.
При изведувањето на пеналите Кепа одбрани еден удар, но тоа не им беше доволно за победа, бидејќи неговите соиграчи двапата беа непрецизни.
Инаку настапот на Кепа во финалето беше неизвесен поради проблемите со бутниот мускул. Тој требаше да биде заменет во последната минута од продолженијата со Вили Кабаљеро, кој е познат како добар проценувач на противничките удари од белата точка.