Саутемптон на врвот на Премиер лигата

Фудбалерите на Саутемптон ја остварија петтата победа во последните шест првенствени натпревари, совладувајќи го во петокот во осмото коло на англиканската Премир лига на својот терен Њукасл со 2:0 и го преземаа барем привремено првото место на табелата.

Чи Адамс во 7 минута го постигна водечкиот погодок за „Светците“, а конечните 2:0 ги постави шкотскиот играч Стјуарт Армстронг во 82 минута.

Саутемптон е во водство со 16 бодови, колку што има и до вечерва водечкиот Ливерпул со меч помалку и полоша гол-разлика. Трет е Лестер со 15 бодови, додека Њукасл остана на 11 бодови и привремено е на 11-то место на табелата.

Претходно првиот дуел од осмото коло го одиграа Брајтон и Барнли без голови. Со освоениот бод Барнли со сега два бода привремено од последното дојде до претпоследното место на табелата, а Брајтон со шест бодови е на 16-то место.

Во сабота се закажани четири натпревари: Евертон – Манчестер Јунајтед од 13,30 часот, Кристал Палас – Лидс Јунајтед од 16 часот, Челзи – Шефилд Јунајтед од 18,30 часот и Вест Хем Јунајтед – Фулам од 21 часот.

И во недела на распоредот се четири меча: Вест Бромвич Албион – Тотенхем од 13 часот, Лестер Сити – Вулверхемптон од 15 часот, а од 17,30 часот се игра големото дерби меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Колото ќе го заокружи дуелот Арсенал – Астон Вила кој започнува во 20,15 часот.