Оливер Спасовски во интервју вели потфрлиле со Пи-Арот. Па, нормално кога правиш сојуз со типови како Боки 13 и Младен Чадиковски резултатот е јасен. Наместо да плачат другарите од СДСМ по ТВ станици, најпаметно е да признаат дека од сите кандидати највоспитани и наједуцирани политички се: Славјанка Петровска и Јово Деспотовски. Е ова е Пи-Ар успех. За жал другарот Спасовски и тоа Оливер, ќе мора да признае дека голем дел од неговите партиски другарки се однесуваа како „шипки во тркало од точак“.
Во „другарки“ може слободно да влезе и Бојан „Боки Теписонче“ Маричиќ. Знаете оној што ни беше министер за правда и ѓоа за ЕУ, а татко му од млади приправници (премногу познати на јавноста сега) од адвокатската канцеларија на Тони Апостолски си нарачал теписон од 200 евра со испорака до дома. Никогаш не снајде сили да негира или пак да се извини. Затоа после неговото гостување на ПетКаст на Канал 5, посебно кога направи споредба со скринингот на Македонија, која мораше заради нив хохшталери од СДСМ да го смени уставното име, и Украина и Молдавија, водителот Иван Мирчевски доби од мене СМС порака која автентично ја пренесувам: „ У уста да го **** Маричиќ. Лаже *** го бо*и“. Иначе да бидам повоспитан тоа во превод значи: Вашиот гостин од неговиот орган за говорење (усна шуплина) изнесе морално – етички невистини околу нашето аспиративно чувство за членство во ЕУ, со што ја руши надежта кај нашата младина и со тоа нанесува демографски штети на нашата држава.
Следна другарка е Нина Ангеловска како министер за финансии, а во исто време во 2019 година како член на Одборот на гувернери во Европската банка за обнова и развој, на неколку дена пред затворање на Еуростандард Банка, а она од позиција на министер си ги повлекува сопствените финансиски средства во висина од 250.000 евра. Епа другар Спасовски и тоа Оливер наместо да ја прошеташ до специјалниот град во Јасен и таму да признае се’, ти си гледаше сеир. Она сега директор, а ти на нишан за корупција. Со свој камен по своја глава. А, ВМРО-ДПМНЕ ако не сака да добие одговор на нивното прашање од 12 август 2020 до Нина Ангеловска, тогаш …само збогум борба против корупција.
Славица Грковска. Кратко и јасно ха-ха, она е забава кога си сам и тажно е се’ и прекинуваш за да не ја уништи онаа преубава песна од Дадо Топиќ, а после и од групата Меморија.
Министерката за Култура. Ни име не и споменувам. Знаете што е за нејзе Зоран Љутков кој ќе ја замени во сабота? Бетовен и деветтата симфонија. Мислиш дека е глув како претходничката, ама знае да слуша и да учи и да остави трага во наредните минимум 50 години. Нормално ако слуша.
Пред да дојдеме до гранде финале доаѓаме и до новите министри кои мора да дадат импакт за борба против корупцијата, а тоа се Панче Тошковски за полиција и Игор Филков за правда. Овие двајца ќе мора сериозно да се потрудат да докажат „НАМЕРА ЗА НАНЕСУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ШТЕТА КОЈА МОРА ДА ЈА ПЛАТИ МАКЕДОНИЈА“. Им посакувам многу среќа.
Клучните „другарки“ на другарот Спасовски и тоа Оливер, за конкретно економско уништување се дел од пратеничките кои потпишаа смртна пресуда на македонските граѓани да плаќаат 450 милиони евра за нивната еколошка екскурзија по однос на рудникот Казандол. Едната ја разбирам она е ќерка на кодошот на Драган Богдановски уште во 1969 година. И по наредба на Русите мораше да одработи за потребите на противниците на Укранско-Англиската компанија која може да создава бакар за употреба во воената индустрија во украинско-руската војна на страна на НАТО.
Другите, како Мери Лазарова, нормално од СДСМ каде ќе одите после казната која ќе ни ја соопштат и тоа многу брзо. Има секој ден да Ве објавувам сите комплет со име и презиме и вашите моментални работни обврски.
Нашите деца ќе Ви ги плаќаат 450-те милиони евра од Вашите влажни соништа од Еколошки аспект, а? Сите сте од СДСМ и коалицијата, плус шарената од револуцијата (која забораи дека А1 и Дарко Перуш не забораваат која е).
Е сега за најубавата: КАЈА ШУКОВА. За нејзината другарка Јованка од труд министерка „Еко Орлеанка“ немам потреба зборои да трошам. Од дрво нозе не се прават.
Имам неколку прашања за другарката Каја:
- Дали е вистина дека му местиш скандал на новиот министер Изет Меџити со тоа што сакаш да го обвиниш дека е неспособен и дека сака да го загади најголемиот извор во Македонија од кој пијат вода 800.000 луѓе во Скопје и се вика Рашче, а сето тоа поради неспособноста да направиш целосен финансиски-научен план за расчистување на троската од Југохром во општина Јегуновце?
- Дали е вистина дека сакаш да му сместиш на Зоран Љутков дека е неспособен како Претседател на Советот на Велес (инаку нов министер за Култура и туризам) дека е неспособен и ги довел во заблуда Велешани за расчистување на троската од Топилницата Велес, само затоа што се консултирал со научници (Каја Шукова нормално НЕ) и ја одбрал варијантата на поголема сигурност, каде преовладува факторот страв? За мене лично Зоран Љутков постапи 75% исправно.
- Дали е вистина дека сакаш да му сместиш на новиот министер Изет Меџити дека е неспособен да го расчисти купот од арсен (од рудник) сместен во основно училиште за кое знаеш дека е во Општина со доминантно албанско население, каде играат дечиња?
- Што викаш знам за твоите авантури за мали прокети од незначителна вредност во туризмот со пријтељици…. си знаеш за што?
На КАЈА ШУКОВА и на таквите како нејзе морам да и кажам дека атерот на одредени луѓе заврши.
Сакавте да не’ апсите, да си играте мајтап со нашата интелегенција, да не’ оставите без леб и да ни се смеете кога нашите деца немаа за ужинки?
ВМРО-ДПМНЕ се мали деца за таквите како мене. Од Инает „Ока сол се јаде“ или пак „Инаетот е посладок од медот“.
П.С. За тоа што гу уништивте Трансмет и ТВ Нова односно оставивте на улица 1.100 вработени поздрав до Стефан Богоев, Кирацовски, Наташа Петровска, Горан Сугарески, бандата од РЕК и остала хохштаплераана.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес