Нашите ставови се различни од изнесените ставови на господиниот Љубчо Георгиевски, рече пратеничката Марија Георгиевска.
– СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани ставови околу ова прашање. Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Ниту се разговарало, ниту во иднина ќе се разговра на оваа тема.
Ставовите на господинот Љубчо Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки – рече Георгиевска.