![aerodrom](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/aerodrom.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Повторно слетуваат и полетуваат предвидените летови на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Утрово густата магла го отежна сообраќајот, по што беа откажаните утрински летови од и за Истанбул.
Околу 11 часот слета авионот на „Пегасус“ од Истанбул, во очекување се и планираните слетувања од Виена и од Лондон, а во тек се активности за полетувања кон Истанбул, Виена и Тревизо.