„Комитите“ денес на тренингот на Вардар ги изненадија своите миленици со вистинско шоу, а „Чкембари“ испратија порака дека Битола доаѓа по „своето“.
„Играјте и оставете срце на терен! Изгинете за светиот дрес. Оставете срце на терен за честа на Битола, за Чкембари. Можеби нема да бидеме во сала и да ве бодриме, да бидеме вашиот осми играч, но треба да знаете дека Битола ќе гори! Во секое кафуле, во секој дом, на секое ќоше ќе се следи и навива, за вас, за Пелистер, за Битола! 16 години го чекавме овој момент, сè направија за да го уништат ракометниот џин и најракометниот град во Македонија, но џинот се буди, а Битола доаѓа по своето. Само еден тим е вечен“, гласи пораката од навивачите на битолскиот клуб.