Се сретнаа Трамп и Ким

Севернокорејскиот челник Ки мџонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа во средата во виетнамската престолнина Ханој, по вторпат по средбата во Сингапур во јуни минатата година, предизвикувајќи надежи дека состанокот на врвото ќе биде успешен.

Ким и Трамп се ракува и куско насемани позираа пред знамињата на своите земји ио луксузниот хотел „ Metropole“ во Ханој подигнат 1901 година.

Трамп за новинарите рекол дека верува оти разговорите ќе бидат многу успешни, но и истакна дека нема намера да „попушти во поглед на денукеларизација“. На прашањето дали ќе биде прогласен формален крај на Корејската војна од 1950 до 1953 година кој е завршен со потпишан договор за примирје но не и потполн мировен договор, Трамп кусо одговори „Ќе видиме“.

Ким рече дека надвладувале пречките за одржување на овој состанок по нивната прва средба во Сингапур и дека очекува трпение. Додаде дека, исто така, се надева оти раговорите ќе бидат успешни. Изрази и „увереност“ дека овојпат ќе постигне позитивни резултати.

„Сигурен сум дека овој пат ќе има големи резултати кои сите ќе ги поздрават. Ќе сторам сѐ што можам за тоа да се оствари“, рече Ким.

Средбата на челниците очи в очи траеше десетина минути. Потоа започна заедничкиот работен ручек на малите групи од двете странаи, кој ќе трае меѓу час и пловина и два часа. Како што претходно најави Белата куќа, во составо на делегациите се советници на челниците и преведувачите.

Трамп го прирдружуваат државниот секретар Мајк Помпеп и вршителот на должноста командат на генералштаботи Мик Маливани. Со Ким се неговиот главен претставник Ким Јонг-чол и министерот за надворешни работи Ри Јонг Хо,