Украинската валута гривна ќе биде во потполност повлечена од оптек на Крим и Севастопољ од 1 јуни, изјави претседателот на руската државна Дума, Сергеј Наришкин.
Државната Дума утре ќе ги разгледа измените на федералниот закон за интеграција на Република Крим и Севастопољ како одвоени федерални ентитети.
„Со промените се предвидува кратење на периодот во текот на кој гривната ќе остане во оптек на Крим до 1 јуни 2014 година,“ изјави Наришкин.
Тој додаде дека финансиските институции на Крим и Севастопољ ќе бидат подредени на Руската централна банка, пренесува „Гласот на Русија“.