
Товерен авион на индиското Воено воздухопловство од типот „Ц-130Ј Херкулес“, со пет членови на екипажот, се урна денеска во предградие на Гвалиор, во централната индиска држава Мадија Прадеш, соопшти портпаролот на Воздухопловството, капетан Џерард Галвеј.
Истрагата, како и спасувачката операција е во тек. Надлежните се обидуват да го утврдат бројот на жртвите.
Авионот бил на рутински лет и полетал од воздухопловната база во Агри.