Британската влада одлучи од неделата да воведе строги мерки за главниот град Лондон и југоистокот на Англија со што ќе бидат празнечните собирање, во обидите да се сузбие острото ширење на коронавирусот што се припишува на појавата на новиот сој на вирусот SARS-CoV-2.
„Се чини дека ширењето е предизвикано од новиот сој на вирусот кој полесно се шири“, изјави премиерот Борис Џинсин на прес-конференцијата по седницата на неговата влада.
Меѓутоа, истакна дека „нешто не укажува на тоа дека новиот сој би бил посмртоносен или дека би предизвикал потешка форма на болеса“ или дека би ја намалил ефикаснота на вакцината.
За жителите на Лондон, премиерот Џонсон го најави воведвуањето на четвртото највисоко ниво на рестрикции. Тие ќе добијат упатства да остонат во своите домови, а ќе бидат затворени сите продавници кои не се неопходни, со што ќе се оневозможи купување божикни и новогодишни подарови во последен момент, кога се создаваат и најголемите гужви.
Пабовите, рестораните и музеите во британската престолнина се затворени уште од минатиот викенд. Забранети се и патувањата надвор од регионот на Лондон.
Џонсон рече дека владата морала да ги отфрли плановите за олеснување на рестрикциите во текот на божикните празнувања поради растот на случаите на зараза со новиот сој коронавирус.
„Имајќи ги предвид претходните докази коишто ги имаме за новиот сој на вирусот, како и потенцијалниот ризик кој тој го претставува, со тешко срце морам да ви кажам дека не можеме да продолжиме со Божик како што планиравме“, објви британскиот премиер.
Населението кое живее во областите кои ќе бидат опфатени со новите мерки, нема да може да се меша со другите домаќинства, а оние во другите зони кои не се опфатени со мерките ќе може да се соберат само на еден ден наместо претходно планираните пет.
Велика Британија заедно со Италија е најпогодената земја со коронавирусот во Европа, со повеќе од 67.000 починати, а во саботата го мина прагот и од два милиона заразени од почетокот на епидемијата.
Зборувајќи за новиот сој на коронавирусот, Џонсон истакна дека тој „можеби 70- отсто е позаразен од стариот сој, оригиналната верзија на болеста“.
Британските здравствени власти претходно во саботата ги потврдија сомневањата изнесени во петокот дека новиот сој на коронавирусот откриен во Велика Британија би можел побрзо да се шири меѓу популацијата, истакнувајќи дека сѐ уште настојуваат да утвдат дали тој е и посмртоносен.
„Советодавната група за итни и нови опасности од распираторните вирусот (NERVTAG) сега смета дек овој нов сој би можел брзо да се шири. Во моментов нема знаци дека новиот сој на коронавирусот, но во текот се итни истражувања кои би требало тоа и да го потврдат“, рече на заедничката прес-конференцијата со премиерот главниот лекар и епидемиолог на Англија, Крис Вити.
Додаде дека Велика Британија ја известила Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за побрзото ширење на оваа ветзија на вирусот. Претходните мутации на SARS-CoV-2 беа регистрирани и пријавени ширум светот.
Во Англија во моментов на сила е „многи високот“ ниво на граничување за околу 38 милиони лица, или за 68 отсто од населението.
Обединетото Кралство од 8-ми декември ја започна кампањата за масовно вакцинирање, во рамјите на којашто приоритетот им е даден на највозрасните лица и нивните негуватели.
Се очекува и дека по вакцината на американско-германскиот тандем „Pfizer/BioNTech“, Британската агенција за лекови (MHRA) на 28-ми или 29-ти декември ќе ја одобри и втората вакцина против коронавирусот, која ја развија лабораториите на британско-шведската компанија „AstraZeneca“ и на Универзитетот Оксфорд.