…а, има други? Овде? Тешко 90% ИСТОРИЈА, ЈАЗИК, КРИЗА, ЕУ, КРИЗА, РУСКИ ВЛИЈАНИЈА, КРИЗА, ИДЕНТИТЕТ, КРИЗА и слични ратнички покличи.
Колку што гледам АНАЛитичари на темата Македонија се окотија минативе пар децении. Сите јаки на вилица, на дела пусиња, никаде ги нема, некој и ќе се појави на некаков митинг, у некоја „јебатна“ емисија, и толку… ретки се ликови кои се козистентни во ставовите, а не се ушљакани со лукративни интереси. Никој денес не може ама ни да процени дали народот навистина има така силни патриотски чувства како што има лајкови на пролетерски повици или ЕУ интеграциски квази-визии.
Треба референдуми, избори, а ние ништо, гол Кукол!
Жално е, но нема добро финансирана платформа каде ќе најдеш вистински непорочни новинари или политичари да можат навистина неусловено да си го кажат мислењето. Се’ се сведува на некакви форми јавни или алијас на твитер платеници, фејсбук лајкачи на партијата која го вработила или лична омраза, оти му срушила дивоградба, или платил казна у време на таа и таа власт.
Туку една #нијеседесило сторија од мојата битисанија Еднаш ми понудија да преземам една телевизија, да ја водам, одамна беше, со мислење како би ја оправил и што би направил
РЕСЕТ
…им кажав …Како тоа ресет?
Па, драги мои јас не знам како во оние видеа кога ќе најдат некое лајно зарѓано од првата светска војна, па го шмирглаат, гланцаат полираат додека не се врати првобитниот сјај на некаој си у кал заборавен бајноет. Не знам тоа, знам да работам и поставам, а потоа упорно да терам. Ма знам, знам, што мислите за мене, ама ене ја формата на мојата емисија која е најевтиниот ТВ продукт во историјата на телвизијата. Толку многу продукција со толку малку персонал и спектакуларно малку вложување, не немате шанси, ама никој, тука арогантен сум.
Да се вратам на ресетот… Вака им објаснив, денот кога ште преземам, сакам сите до еден да ми достават писмени оставки од работното место, тој што нема, ќе биде избркан и никад више назад. Во меѓувреме ќе оди исклучиво репризна програма и ништо друго. Потоа со секој вработен до еден, ќе правам разговор – интервју – што сака да работи, како мисли да работи и врз таа основа договор со условување што ако не сработи – не дојде на работа, згреши и слично – сам да ми одоговори како да биде казнет или ако направи нешто добро како и колку да биде награден.
Маркетингот да работи на принцип – не да бара пари, туку ако компанија која имала заработувачка 100, после рекламата која би идела на медиумот се’ што е над просечната сума да одвојува 33% како дел за рекламирањето. Квартална исплата без никаков ризик за фрлени пари, а со огромна мотивација и за медиумот и маркетинг агенцијата да напараавт реклами и банери кои ќе вродуваат со ефект.
Денес имаме медиуми/портали кои никој не ги чита, а вријат од реклами кои се даваат само на партиски определни и со тоа следствено игра компанија или со двете страни или со ниедна, за да купи утре мир. Маркетинг? Мај ес, ниедна маркетинг агенција не работи маркетиншки туку политички, а рекламите одат кај заслужи… зборам за било која страна. Значи исклучиво би идело само на профит и заработка – ништо друго… Но, невозможно е да направиш медиум денес кога медиумите постојат само на милост на партиите, домашни или оние најмрсно финансираните од странците кои глумат демкратија, а се СС хитлерјугени кои прогонуваат непогодни персони… како мене оти многу јадам гов…трици. Ама и јас, шпкорпија сум и работам на инстикти…
Секако дека се извадија од памет и одбија… затоа никогаш никаде не сум бил у план, и ниту на една партија ни да ме предложат ни у совет или кандидирање, а камо ли да ме фати некој пролиФ сам политички да се ангажирам.
РЕСЕТ – тотален институционален ресет! Верувам дека секој човек колку и да е закоравен ако малку почувствува сила во сопствената слобода и сигурност во демократирајата и тоа како може да биде продуктивен, чесен и да даде многиу подобри перформанси за доброто на сите.
Оптимист сум, конкретно немам да ви укажам зошто, но длабоко, интимно… ќе-не-Ф биде!!!
Автор: Јанко Илковски за НетПрес