Седма победа во низа на Монако, францукото дерби за ПСЖ

Во најголемото дерби во францускиот фудбал и на 24-то коло на француското првенство, во неделата вечерта Пари Сен Жермен со 2:0 славеше кај Олимпик Марсеј.

Париските „Светци“ победата ја осигураа уште во првото полувреме. Во 9 минута погоди Килиан Мбапе на додавање на Анхел Ди Марија, а во 24 минута стрелец беше Мауро Икарди. Домашниот играч Дмитри Паје доби црвен картон во последната минута од мечот.

Оба беше одмазда на ПСЖ за поразот од Марсеј од 0:1, првиот по цели девет години, ланскиот септември на неговиот „Парк на принцовите“.

ПСЖ сега е трет со 49 бодови, додека Марсеј е деветти со 33 бодови но има два натпревара за доигрување.

 

Лил се одржа на челното место на табелата со гостинската победа од 2:0 кај Нант, а двоен стрелец беше Џонатан Давид во 9 и 83 минута. Лил има 54 бодови, два повеќе од вторпласираниот Лион, а Нант остана со 19 бодови на 18-то место, од кое се игра разигрување за опстанок во лигата.

 

Фудбалерите на Монако претходно во неделата ја остварија важната гостинска победа кај „фенерџијата“ Нимс со 4:3, што за клубот од Кнежевството се седмата последователна победа.

Херој на гостинската екипа беше рускиот интернационалец Алескандер Головин кој оствари „хет-трик“ постигнувајќи погодоци во 3, 12 и 62 минута, а за Монако еднаш погоди и Кевин Воланд во 77 минута. За домашните стрелци беа Лукас Деокс во 23, Зинедин Ферат во 32 и Никлас Еласон во 81 минута.

Монако се зацврсти на четвртото место на табелата кое води директно во Лига Европа со 48 бодови, десет повеќе од петтиот Рен кој има и меч помалку. Нимс остана последени 20-ти со 15 бодови од 23 мечеви, четири бодови помалку од местото кое води во доигрувањето за опстанок во првата француска лига.

 

Брест оствари домашна победа од 2:1 над Бордо. Жирондинците водеа до 80 минута со голот на со голот на Кореецот Хванг Уи—жо во 56 минута, но домашните за пет минути во финишот направи пресврт со погодоците на Стив Муние во 80 и Ромен Февре во 85 минута.

Бордо остана на 10-то место во 32 бодови, а Брест дојде до 12-та позиција со 30 бодови, бод повеќе од следната Ница која има еден заостанат меч.

 

Ница пак со 3:0 го победи на домашен терен Анже. За домашните прв стрелец на мечот беше гостинскиот бег Сулејман Думбиа кој во 9 минута ја затресе својата мрежа, а пота погодија и Мизиан Маолида во 17 и Амин Гуири во 83 минута. Анже е на деветтото место со 34 бодови.

 

Монпелје со 4:2 го совлада Дижон по голем пресврт во вториот дел. Гостите поведоа со погодокот на Сену Клулибалу веќе во 5 минуата, резултат со кој се отиде на одмор, но домашните веќе на почетокот од вториот направија резултатски пресврт со двата погодока на Гаетан Лаборд во 48 и 56 минута, а веќе дојде до предност со 3:1 во 61 минута со голот на Тежи Саваниер. Прашањето на победникот беше решено во 69 минута, кога гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Кулибали. Сепај Дижон намали во 88 минута откако Папе Муса Конатер реализираше пенал, но по само три минути победата на Монпелје ја потврди Петар Шкулетиќ.

Монпелје е 11-ти со 32 бодови, а Дижон остана претпоследен 19-ти со 15 бодови.

 

Сен-Етјен до трите важни бодови во борбата за опстанок дојде со автоголот на Џон Боје во 14 минута со кој дома го совлада Мец. Сен-Етјен дојде 26 бодови на 15-то место, седум повеќе од местата кои водат во втората лига, а Мец остана на седмото место со 35 бодови.