Седум деца и четири жени од Македонија се наоѓаат во сириските кампови

Откако ги повика нашите граѓани притворени во логорите на сириските бегалци и нивните семејства, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се фокусирани на изнаоѓање начин тие да се вратат во својата татковина.

Според податоците на МВР, во тие кампови моментално има четири жени со своите седим деца, државјани на Македонија.

Заменик  министерот, Агим Нухиу, рече дека МВР, заедно со Агенцијата за национална безбедност, Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика, се координираат институционално за да им обезбедат на овие граѓани брз и сигурен поврат.

Се соочуваме со нова реалност затоа што видовме деца и жени во кризни логори, без да бидат надгледувани од главите на семејството, и секако чувствувам потреба да ја зајакнеме координацијата во институциите на нашата земја со цел да расте уште повеќе духот на солидарноста и државната грижа за граѓаните кои се жртви и оставени без надзор во сириските бегалски кампови, рече Нухиу.

ИЗВОР: АЛСАТ