Седум уапсени за бомбашките напади во Шри Ланка

Седум лица се уапсени, а тројца полицајци загинале во текот на рацијата во неделата во една куќа во Коломбо, главниот град на Шри Ланка каде што во неделата одекнаа осум експлозии насочени цркви во кои католичките верници го одбележуваа Велгинден и лускузни хотели во кои престојуваат странци.

Засега не се соопштени поединости за рацијата во куќата во главниот град на Шри Ланка во која се уапсени осомничените.

Според последните потврдени информации, во вкупно осумте експлозии има најмалку 207 загинати, и уште повеќе од 450 ранети.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападите, но АFP тврди дека поседува документ којх покажува дека началникот на полицијата на Шри Ланка, Пујут Џајасундара пред десет дена издал предупредување до водствата на безбедносните сили и служби за можни бомбашки напади на бомбаши самоубијци врз цркви.

„Странсака разузнавачка агенција нѐ изјави дека NTJ (National Thowheeth Jama’ath) планира да изведе самоубиствени напади, насочени на понати цркви, како и на индиската амбасада во Коломбо“, го цитира агенцијата документот. NTJ е радикална исламистичка групација од Шри Ланка која минатата година беше поврзувана со вандалиациите на будистичките споменици, забалежува AFP.

Владата објави дека полицискиот час кој стапи на сила веднаш по објавувањето ќе трае најмалку до следното утро. Владата, исто така, ги згасна приврмено сите социјални мрежи и апликации за испраќање пораки, вклучително и Facebook и WhatsApp, за да не се шират дезинформации.