Резултатите на седумтемина пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, а на едно лице тестот ќе се повтори, соопшти Министерството за здравство.
Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку Центарот за јавно здравје од Штип.
„Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче и додаваат оти дополнително ќе информираат за резултатот.
Во земјава има 18 лица заразени од коронавирус, од кои 13 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а петмина се во болницата во Дебар.