Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

79
EPA-EFE/KIM CHUL-SOO

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 162.955 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.085, а оздравени се 76.219.

– Нови случаи на заразени и починати на Филипините. Во последните 24 часа починале четири лица и регистрирани се вкупно 19 новозаразени. Бројот на заболени сега изнесува 144, а на починати 12. Од утре цела држава е во карантин.

– Германија ги затвора границите. Канцеларката Ангела Меркел потврди дека утринава ќе ги затвори границите со Франција, Австрија и Швајцарија.

– Осум нови случаи на заразени од коронавирус во Бугарија. Бројот на заболени достигна 51, а двајца се починати, изјави генерал-мајор Венцислав Мутафчиски.

– Во Виена почина 65-годишен маж, за кој постои сомнеж дека бил инфициран со коронавирус. Тој е втора жртва во Австрија од Ковид-19.

– Бројот на заразени со коронавирус во Хрватска е зголемен на 49, а меѓу заболените се и двајца лекари од Клиничко-болничкиот центар Дубрава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.