13.8 C
Skopje
вторник, мај 14, 2024

Секојдневно разобличување на аферите и скандалите на власта

Речиси да нема ден да не се обелодени скандал во јавноста поврзан со власта предводена од СДСМ и Зоран Заев.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе со месеци ја информира јавноста за криминалите кои ги прави власта, додека институциите молчат, пишува во саботата Курир.мк

Крупните афери кои ги објавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ поврзани со фалсификуваните пасоши давани на криминалци, аферата Рекет, злоупотребата на матичните броеви, аферата за националното предавство на Заев и многу други се само спој на гневот насобран во граѓаните кои ќе кулминира со протести во иднина.

На сите овие афери алудираат од опозицијата речиси секојдневно.

АФЕРА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО

Последната афера која ја откри Мицкоски беше за националното предавство на Заев во врска со договорот со Бугарија.

Имено Мицкоски преку статус на Фејсбук пред неколку дена објави дека новото предавство го подготвувале Заев и Бучковски.

-АЛАРМАНТНИ се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски. Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија.

Заев се колнеше дека не прифаќа преговори за идентитетот и јазикот, а со прифаќањето бугарската Декларација да биде дел од преговарачката рамка на ЕУ, директно нѐ става во позиција да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е потег еднаков на предавство на македонскиот народ.

Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија.

Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот иденитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е неболуза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија.

Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии!

Не за уште еден национален пораз! Не во наше име и не за нашата Македонија!

П.С. Воедно да го споменам и следново, Заев изјавува дека ми бил даден на рака португалскиот предлог во однос на спорот Бугарија-Македонија. Само политички аматер како Зоран Заев гради дебата околу предлог кој беше експресно одбиен од бугарската страна, што подразбира дека секој следен би бил драматично полош и поштетен предлог споредено со претходниот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

АФЕРА МАФИЈА

Опозицијата исто така пред два месеци откри нов скандал засега од невидени размери со издавањето на македонските патни исправи на меѓународни трговци со дрога.

Од партијата тогаш тврдеа дека се работи за организирана шема на поединци од власта кои досега издале такви документи, со лажен идентитет, на најмалку 200 лица од подземјето во регионот, но имало и лица од држави на азискиот континент и од Јужна Америка. Деновиве сите овие документи ќе бидат предадени на Јавното обвинителство, брифираа денеска од партијата.

„Се работи за афера за силна поврзаност на највисоките структури на власта со највисоките структури на организираниот криминал на Балканот и пошироко. Практично може да се каже дека носителите на власта во државата, премиерот Зоран Заев и првоповиканиот за борба против криминалот Оливер Спасовски, на располагање ја ставиле целокупната државна апаратура на организираниот криминал и на балканските криминални структури кои важат за најсилни во Источна Европа. Аферата Мафија потврдува дека државата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските наркобосови, барани поради организиран кримина, наркотици, убиства, насилства“, изјавија на денешниот брифинг претставници на партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ, поседувал македонски пасош, со негова слика, но на име Ѓорги Андонов, издаден во полициската станица во Драчево.

Второто лице е водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, се фотографирал со политичари од власта и откако бил протеран од државата повторно влегол и добил лична карта, исто така во полициската станица во Драчево.

Се работи за украдени или измислени идентитети. Од украдените идентитети, најчесто се користат лица од македонското национално малцинство од соседните држави. Ги крадат идентитетите од соседни држави и издаваат оригинални пасоши во редовна постапка, ги фотографираат и им земаат отисоци. На пример новиот идентитет на Вуковиќ, Ѓорги Андонов, бил земен од Македонец од Пиринска Македонија, а уште еден припадник од истиот клан добил идентитет од Македонец од Корча.

Со македонскиот пасош Вукотиќ лесно патувал во Турција, Србија, Шпанија, Грција, Украина, Полска… Инаку Вукотиќ деновиве е во Црна Гора и чека да почнат неколку судски процеси против него за убиство и други кривични дела.

За време на претрес во еден судски процес во Белград, Вукотиќ признава дека има македонски пасош, дека документот е регуларен, дека тој не го познава лицедо Ѓорги Андонов и дека пасошот е издаден на место каде што се издаваат патни исправи. И вештачењето покажало дека се работи за автентичен македонски пасош, но лажен идентитет.

Пекер, четири дена откако бил протеран од Македонија во Косово (поседува косовски документи) се вратил во Македонија, и на 21 јануари 2021 година во полициската станица Драчево добива лична карта на име Џадин Амедовски.

Медиумите во Турција Седат Пекер го опишуваат како водач на турска мафија, осуден за убиства, баран за рекет, принуда и потикнување убиство во Романија, и е дел од аферата за соборување на Ердоган.

„Овој скандал покажува дека постои организирана мрежа на изработка и издавање на патни исправи на високи мафијашки структури. Се работи за легални пасоши, одобрени изработени и издадени од МВР и полициски структури, но со украден идентитет од внимателно одбрани лица кои подолго време не користат пасоши, по што најголемите балкански мафијашки босови добиваат документи низ легална постапка – влегуваат во полициска станица, се сликаат, оставаат отисок и добиваат пасош. Оваа афера има сериозни импликации и од регионален карактер затоа што Владата на Заев и Спасовски овозможиле закрила, безбеден обрач на балканските мафијашки босови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

АФЕРА МАФИЈА 2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите неодамна исто така откри нов мега скандал на власта.

Имено, станува збор за нова афера „Мафија 2“,каде што повеќе од 20 илијади граѓани имаат дупликат матични броеви, а во исто време истите ги има на избирачкиот список на повеќе од едно место.

Во продолжениее од фотографиите ќе се уверите дека станува збор за голем скандал, со што власта е ставена во мат позиција, затоа што можеби овие лица се користеле за како гласачка машинерија на истата.

 

 

Инаку да потсетиме дека и аферата Рекет ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ како и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Во неа се обвинети Бојан Јовановски алијас Боки 13, заедно со поранешната обвинителка Катица Јанева како и Зоран Милески – Кичеец кои се товарат дека рекетирале бизнисмени злоупотребувајќи ја својата моќ и поврзаноста со власта предводена од СДСМ.

АФЕРА РЕК БИТОЛА

Аферата која денес ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, опфаќа изнуда-рекет на средства од компанијата Рубитон Битола која е добитник на тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Случајот излегува по пат на јавно признание и сведочење на сопствениците на компанијата. Таа по регуларен пат добива тендер, по што Васко Ковачевски, директор на РЕК, го контактира сопственикот на компанијата добитник, го принудува да се откаже од тендерот и истиот кој веќе го има добиено Рубитон, да го предаде на компанијата СВ Инвест на Столе Чифлигароски.

Како што беше кажано на брифингот, сопственикот на Рубитон вели дека нема правна можност за тоа, по што Ковачевски организира средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк, но средбата се откажува, а Вице Заев ги комнтактира сопствениците на компанијата и им вели дека ќе го испрати Горан Кстев од Тотал Инжинеринг, инаку амнестиран со Зоран Заев за „Глобал“, за да ја договорат работата. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев како кеш, а таа сума била многу поголема од можната заработка.

Сопствениците на Рубитон на повиците на Крстев не се одзиваат, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СВ Инвест во комбинатот.

-Воедно и предупредувавме на фамозната Вила парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот. Случајот оштетените го пријавуваат во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски. Мистериозно, на веќе еднаш потпишана изјава, исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Што е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Рускоска, МВР и Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, брифираше денес Мицкоски.

Во пријавата недостасува овој дел:

Потоа, сопственикот Василев, гледајќи дека Рубитон не добива одобрение за влез на механизација и покрај договорната обврска да му биде овозможено од страна на РЕК Битола, преку стар познаник од Струмица Иљо Н. викан Рамбо, несакајќи директно да го бара по делефон лицето Вице Н. кое му го посочил Ковачевски, побарал доколку е можно да му организира средба со посоченото лице, која му била закажана на 3-ти или 4-ти септември 2018-та година.

Според информациите, тие отишле во „Вила Парк“ Струмица. Сопствениците Василев и Радичев дошле на договорената средба, ги пречекал пријателот на Василев и бидејќи веќе изминувало 09:00 часот, Иљо му се јавил на Вице да му каже дека се дојдени луѓето на кои икм договорил средба, на што Вице му кажал дека средбата била закажана за 9 часот навечер, а не наутро, по што тие си заминале.

Остатокот од делот кој е избришан од првичната пријава, кој завршува и со директни закани, можете да го погледнете од документот: