Секс

Експлицитна содржина, прерипајтеја, пуританци.

Да се биде власт, на власт или во власт, сеедно, за многумина е од лична корист и од секој аспект, од решавање лични проблеми, пред се’ финансиски, но особено и од задоволување на ниските страсти или разгореното либидо, осакатено од реална љубов која се гади од моногамија. Но, ние сме само копиљаци заплепени на излог и го лижеме стаклото само да се проба уште нешто. Еволуција? Мај ЕС.

За време на карантинските денови видовме како напалени попоздуши отворено веќе бараат коитус со министерот, кои во немаштијата и пустелијата на еконосмко-социјална, ем емотивна пустелија, прибегнуваат кон отворено и јавно давање себеси. Ма секако, сите они сето тоа го прават од „виши цели“, барем убедувајќи се дека е така. Нема просечна спонзоруша која не сонува да биде „натакната“ на јарболот на власта и парите затоа што тоа е и статус и трофеј. Некоја ќе рече – па фраер е, навистина ме привлекува, го сакам…  Деца, да вредеше нешто црепот (и професионално и градско-фраерски) одамна ќе го знаеше, бидејки во овој град ако клецаш, а не се пофалиш – исто ко да ништо не си направил. Така да „нико и ништа“ и профи и фраерски.

Фалбаџите или пофалиг’зиците не се само машките. Тек „фуфите“ колку мерак имаат да ги опишат детално нивните авантури во премиерски или претседателски кабинети каде навалени на маса чекаајќи да започне големата пенетрација завршила пред и да почне. Али, кога си на моќ, се ти е простено. Ја да бев со дршка од метла за тајмингот ќе го окркав, но кога седиш во „фотељата“ тогаш пофалби и утеха и трепет до следната средба… што знаеш, може и нејзе ќе и’ се посреќи да добие стан во Париз, никогаш не се знае…

ТИТО

Жените сакаат моќ, се палат на моќ, а на богатите мажи на позиција им е добро покритие за нивните страсти, неизживеаност и мерак ловџиски. Еве еден парафразиран разговор со Рамбо Амадеус од пред 25 години.

Моќта, власта е најсилниот афродизијак, тоа ужасно ги возбудува сите. Ќе се согласиме дека и мажите и жените скоро се во континуиран оргазам кога стануваат дел од власта и популарноста, а ако поделиме по „гендер“, жените едноставно се „палат“ на моќ. И власта и парите се моќ и тука нема милост. Популарноста, исто така, ако си познат, добиваш понуди за кои би сонувал кога си бил млад. Кој не памти како студент кога си можел да пумпаш во сите пози, на сите места, од фичо и пеглица, до на снег покриена клупа, а од нејзе ќе чуеш едвај едно… „оф“. Само „оф“!? E да, џабе ти е перформансот што го пружаш ко Џони Син, не е доволно бре брат. Треба зачин – слава, пари, моќ.

Затоа сфатив една работа, Тито беше и остана една од најмоќните и најпопуларните политчки фигури на овие простори, факт. Легендите говорат дека многу старки-омладинки со радoст ја имаат држено неговата штафета на младости со екстази какви ни Шехерезада не можела да опише, со перформасни какви ни во Кама Сутра ги нема. Ма чуј, не ставал он прст на нив, Тито бил толку моќен, што не морал ни да ебе, он само ќе ја погледне, онака продорно и таа доживува оргазам, со вриштење, пиштење, а тој не станал од фотеља и со пура у уста.

Најстрашно е што сево ова е фраерлук, мерка за успех и е поздравено, посакувано и поддржано од широките маси, за жал. После се чудите што не снаоѓа?

Но, чуден народ сме, паѓаме у несвест на вакви работи, а после кога и нам ќе ни го спопикаат – плачеме. Сакаме чесност, а се воодушевуваме на неизживеноста на оние кои дошле до пари и власт и сакаме да сме на нивно место. Добро е што има луѓе со морал и етика и се надевам дека они ќе бидат главни и на власт.

Ако не … Факјуверимач – стара нордиска поговорка.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес