Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Рои Хоџсон, откри дека повеќе е загрижен поради временските услови отколку поради групата во која ќе се натпреварува неговиот тим на престојниот Мундијал во Бразил.
“Ќе дојдеме во Бразил со став дека без разлика со кого ќе играме во групната фаза, Англија ќе избори пласман во следната елиминациска рунда. Не сум толку загрижен за ждрепката, колку што сум загрижен околу тоа каде ќе играме. Временските услови ќе имаат големо влијание врз репрезентациите кои се од Северна Европа. На сите ни е јасно дека нема да има некоја лесна група, сите ќе бидат тешки. Не би сакал да играме во северниот дел од Бразил. Таму климата е тропска. Иста ваква изјава имаше и пред Мундијалот во Јужна Африка, но најважно од се е ние да се подготвиме што е можно подобро и да го дадеме максимумот на секој натпревар”, изјави Хоџсон.