Џенифер Анистон ја угости Селена Гомез во емисијата на Елен Деџенерис, која на актерката ѝ дозволила накратко да ја преземе водителската улога.
Џенифер и Селена зборуваа за своето пријателство, запознавање, новиот албум на пејачката, но и фактот дека Гомез ја обожува серијата „Пријатели“, во која актерката ја играше улогата на прочуената Рејчел Грин.
Двете се одлучиле за стајлинг кој секогаш е тренд, а тоа е краток црн фустан кој никогаш не излегува од мода и е огледало за елеганција и стил на жената која го носи.
Фустанот на Селена бил тесен со голи рамена, додека Џенифер се одлучила за класичен модел.