Претстојат претседателски избори, каква кампања очекувате, или според вас на што треба да се стави акцент?
Пред сѐ очекувам овие избори да бидат во духот на разумот и демократијата, да имаме мирни, фер, регуларни и европски избори каде до израз ќе дојде волјата на сите граѓани. Она што е важно за нас е да биде избран претседател кој ќе го зачува и промовира мултиетничкиот карактер на нашата држава, претседател на сите граѓани.
Сметам дека клучот за победата на овие претседателски избори ќе бидат неопределените гласачи, за кои важен ќе биде пристапот и изборната програма. Во тој поглед гледам предност кај професорката Гордана Силјановска Давкова која е вистински професионалец, има знаење и кредибилитет и од ден на ден ги освојува сe повеќе и повеќе симпатии кај неопределените гласачи.
Kаква би била ситуацијата во однос на изборите, кој би победил?
Како партија даваме целосна подршка и стоиме позади кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова, која не увери во нејзината компететност и капацитет дека институцијата претседател ќе биде чадор во чии закрила ќе бидат сите заедници, како што впрочем тоа го гарантира Уставот на државата.
Имаме силна верба во професорката Силјановска и убедени сме дека меѓудругото ромското прашање ќе биде високо на агендатата на професорката која ќе биде промотор на обединувањето, еднаквиот третман, правото и правдината за сите, како и за ромската заедница.
Што велите за ситуацијата во државава, задоволни ли се Ромите од актуелните случувања?
За жал во моментот ромското прашање е во длабока сенка. Оваа влада со овие наши ромски политичари кои се сега на власт, немаат ниту идеја, а уште помалку интерес за подобрување на состојбата на Ромите. Овие политичари ништо не направија за Ромите, функциите кои ги имаа ги искористија исклучиво само за своите интереси. И сега која е логиката сеуште слепо да им се веруваа на таквите политики и политичари кои не неправија ниту една позитивна реформа за својот народ.
Потребни се квалитетни норми и мерки. Потребна е една нова генерација која ќе носи промени на нашиот народ. Потребно е уште сега да го фатиме чекорот со другите, да се избориме за подостоинствено место за нашата заедница во ова наше општество.