Селмани: Власта не требаше да чека донации или некое ветување за вакцини, требаше да ги набави како Вучиќ и Рама

Имунизацијата е најважна работа во време на пандемија. Прашањето е дали денес со пари може да ги купите вакцините, прашање е дали требаше да чекаат на светската солидарност и ЕУ или требаше да знаат дека не е баш така. Тука и некои други држави како Косово направија превид премногу потпирајќи се на таа солидарност. Се покажа дека тие држави пред се ги ценат своите национални интереси – рече Имер Селмани поранешен вицепремиер и екс министер за здравство во емисијата Вин вин.

Според него земји од соседството како Србија и Албанија набавија вакцини и имаат и повеќе видови.

-Вучиќ уште пред нова година, Рама по нова година набавија вакцини, а нашата држава чека. Не треба да чека на некоја донација или некое ветување за некоја блиска иднина. Не се парите во прашање, има пари и треба паралелно да се стави и економски пакет во функција, ама и да се набават вакцини – рече Селмани.

Tој посочи и дека е поевтино да се набават вакцини, отколку пациент да лежи во болница.

-Секој заболен од корона кој лежи во болниците чини околу 10 илјади евра или и повеќе, а вакцините се поевтини. Овој податок е за државни болници колку чини, тука не се приватните – вели Селмани.