Селтик влезе во историјата

Шкотскиот фудбалски великан Селтик го освои во неделата Шкотскиот куп побеедувајќи го со подоброто изведување на пеналите Харт оф Мидлтојан со 7:6 на „Хампден Парк“ во Глазгов, со што се впиша во шкотската фудбалска историја.

Имено, Селтик четврта година по ред ги освои сите три домашни трофеи: шкотската Премиерлига, Шкотскиот куп и Лига куп, а ваквата четирикратна „трипла“ не успеа да оствари ниеден друг шкотски клуб.

Во неделното финале Рајан Кристи и Одсон Едуард го доведоа Селтик во водство од 2:0 по половина час игра, но тимот од Единбруг се врати во игра во второто полувреме со головите на Лиам Бојси и Стивен Кингсли и избори продолжетоци.

Лејф Грифитс погоди за Селтик во 105 минута, а на 3:3 повторно израмни за Харст Џош Гинели. Потоа решаваше пенал серијата во која првиот за Селтик го промаши Кристи, а потоа голманот Конор Хазард одбрани едно-по-друго два пенала за титулата.

Селтик во оваа ковид-сезона предвремено бепше прогласен за шампион по прекинувањето на лигата, а во декемри минатата година го освои Лига купот откако финалето го совлада градскиот ривал Ренџерс со 1:0, а цела година подона победи и во купот.

Bo тековното првенство Селтик е на второт место во шкотската лига со дури 16 бодови бодови заостанување зад Ренџерс и со три натпревара помалку, а Рос Каунти во ноември ги елиминираше од Лига купот.