Сенаторката Ворен официјално ја започна кандидатурата за Белата куќа

Американската сенаторка од Демократската партија, шеесет и деветгодишната Елизабет Ен Ворен, во саботата со говорот во кој го осуди растот на економските нееднаквости ја започна официјалната кампања за номинацијата за трката за Белата куќа.

Елизабет Ворен, поранешна професорка по право на универзитетот Харвадр, е последната во низата демократи кои ја најавија кандидатурата за партиската номинација за претседателските избори во САД следната 2020 година.

Дури и пред да стапи на говорницата, тимот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп кој ќе ја води неговата кампања за претседателските избори 3030-та, порача дека Ворен е измамничка. Медиумите забележуваат дека станува збор за првата ваква интервенција на сметка на некој од можните противкандидати на републиканскиот претседател.

„Американскиот народ ќе ја отфрли нејзината нечесна кампања и социјалистичките идеи, како што се Зелениот Њу дил, а кој ќе ги зголеми даноците, ќе ги уништи работните места и американската средна класа“, напиша Бред Паскал, директор на кампањата на Трамп.

Алудирајќи на ДНК тестот кој го направи и ги објави резултатите во октомври за да покаже дека наводно во неа има индијанска крв, Паскал, исто така, ја обвини Ворен и за непочитување на автохтоните Американци.

Претседателот Трамп претходно ја нарече сенаторката Ворен „лажната Поохонтас“, според името на ќерката на индијанскиот главатар, па таа затоа се подложи на ДНК тест, а што не им се допадна на припадниците на заедницата на Чироки Индијанците.

Во говорот во Лоренс, во нејзината сојузна држава Масачусетст, Ворен без да ги именува Трамп, ја осуди „нетрпеливоста за којашто нема место во Белата куќа“. Зборуваше и за универзалниот здравствен сектор, вложувања во образованието, зголемување на минималната плата, борбата против климатските промени, како и за историјата на Лоренс каде во 1912 година е одржан прочуениот штрајк на работниците доселеници. Денес овој град трпи сиромаштија поради промените во секторот на производството.

„Човекот во Белата куќа не е причината за овие крахови, тој е само последниот и најекстремниот симптом на она што тргна на лошо во Америка. Производ е на монтираниот систем кој ги поддржува богатите и моќните, а ги валка сите други“, рече Ворен.

Лоренс со 80 отсто од население со хиспано потекло му пркоси на претседателот Трамп, како и други градови кои себеси се прогласија „засолништа за имигрантите“ и не соработуваат со сојузната доселеничка служба на САД.

Во неделата, според најавите, уште една демократска сенаторка, Ејми Клобучар, треба официјално да ја започне својата изборна кампања.