Сенатот на американската сојузна држава Индијана, каде што на власт се републиканците, во петокот го даде конечното законодавно одобрување за законот со кој се забрануваат повеќето причини за прекинување на бременоста, шест седмици откако Врховниот суд на САД ја избриша уставната одредба легалноста на абортусот на целата територија на земјата.
Нацрт-законот е прифатен со гласањето со 28 „за“ наспроти 19 „против“ неколку часа откако мина во Претставничкиот дом. Законот би ја направил Индијана првата американска сојузна држава којашто ја воведува таквата одредба за прекинување на бременоста со кој беше укината пресудата преседан во случајот „Ро против Вејд“ од 1973 година со кој тогашното демократско мнозинство во Врховниот суд го легализираше абортусот во целите САД, а беше укината на 24-ти јуни годинава.
Одлуката за тоа дали мерката изгласана во Сенатот на Индијана ќе биде преточена во закон, сега треба да ја донесе републиканскиот гувернер Ерик Холкомб.
Законодавното тело на Индијана ја усвои оваа мерка во текот на посебната седница којашто ја свикаа републиканските челници по одлуката на конзервативното мнозинство во американскиот Врховен суд, во случајот во сојузната држава Мисисипи познат како „Добс против Џексон“, којашто веднаш им даде можност на сите сојузни држави самите законски да го регулираа прашањето на абортусот.
Според најавите, Западна Вирџинија ја делат само неколку дена од усвојувањето на речиси целосна забрана на прекин на бременоста, а околу десет други сојузни држави каде на власт се републиканците веќе спроведоа слични строго регулирани забрани.