Во дербито од 17-то коло на италијанското фудбалско првенство, Милан и Рома на „Сан Сиро“ одиграа 2:2, откако гостите надоместија два гола разлика во последните седум минути од мечот.
Домашните поведоа во 30 минута со голот на Пјер Калулу во 30 минута, а во 77 минута Томасо Поега ги приближи „Росонерите“ кон победата. Дотогаш конфузната Рома доби надежи преку Рожер Ибањез кој по нафрлување од корнер во 87 минута намали на 1:2, а кога се чинеше дека Милан ќе го одржи чекорот во трката за врвот, во третата минута од судиското продолжени бод на Рома ѝ донесе Тами Абраја. Лоренцо Пелегрини нафрли од слободен удар, Немања Матиќ шутираше со глава но Чипријан Татарушану одлично одбрани, а Абрахам одбиената топка од близина ја смести во мрежата.
Милан со овој бод го загуби и второто место на табелата на кое се сега е Јувентус кој има ист број бодови 37 но и подобра гол-разлика. Рома моментално е шеста со 31 бод.
Фудбалерите на Наполи ја победија Сампдорија со 2:0 на гостински терен. Откако загубија во последното коло на гостувањето кај Интер (0:1) и со тоа ја прекинаа серијата од 11 последователни победи, фудбалерите на Наполи се вратија на победничкиот колосек. Во натпреварот од 17-то коло Наполи ја забележа 14-та победа сезонава, со две нерешени и само еден пораз.
Почна лошо за тимот на Лучијано Спалети. Во 6 минута Матео Политано не го реализираше пенал, ја погоди стативата. Сепак, 13 минути подоцна Виктор Осимхен погоди за 1:0 Нови проблеми за домашнаа Сампа стигнаа во 39 минута кога Томас Ринкон за остар старт заработи црвен картон. Во 80 минута Наполи доби нов пенал откако Роналдо Виеира беше ракометен со рака. Овојпат стрелаше беше македонскиот репрезенатативец Ељиф Елмас, кој мечот го започна во средниот ред, а подоцна беше префрлен во нападот, кој погоди за конечните 2:0.
Наполи е во водство со 44 бодови, а Сампдорија е во зоната на испаѓање, 18-та е со 9 бодови
Фудбалерите на Наполи ја победија Сампдорија со 2-0 на гостински терен во натпреварот од 17. коло на Серија А.
Лацио на својот „Олимпико“ во Рим успеа во последните осум минути од дуелот со Емполи испуштија предност од 2:0.
Домашните поведоа веќе во 2 минута со голот на Фелипе Андерсон, а во 54 минута водството го удвои Матија Закањи. Во 63 минута Лацио беше близу водство од 3:0, шутираше Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но Џуњиемлмо Викарио одлично реагираше скршнувајќи ја топката во стативата. Во 84 минута Франческо Капуто намали враќајќи ги надежите на Емполи, а во четвртата минута од судиското продолжение на мечот Разван Марин со одличен удар од работ на шеснаесетникот им донесе бод на гостите.
Ова е првиот бод на Лацио по двата последователни пораза, и сега е петти со 31 бод, а Емполи втор дуел ремизираше и сега има 19 бодови и е на 13-то место.
Без победник но и без голови заврши дуелот меѓу Специја и Лече. Специја е 17-та со 15 бодови, шест над зоната на испаѓање, а Лече е 12-ти со 19 бодови.
Во првиот неделен натпревар Салернитана и Торино одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 36 минута со голот на Антонио Санабрија, и во првиот дел имаа уште неколку одлични шанси, но мексиканскиот голман Гиљермо Очоа одлично бранеше. А кога Очоа не успеа да одбрани, голот на гостите го спасуваа стативите. Во 40 минута стативата ја погоди Мергим Војвода, а три минута подоцна и Пер Шурс. Салернитана сите промашувања на гостите ги казни со голот на Тони Вилхена во 49 минута. Во 85 минута Торино можеше да дојде до ново водство, но Очоа го сврти во стативата шуто на Рикардо Родригез. До крајот Торино имаше 23 удари кон противничкиот гол но не успеа да дојде до победа.
Торино е 10-ти со 23 бодови, а Салернитана е 14-ти со 18 бодови.
Колото во понеделникот го затвораат дуелите Верона – Кремонезе и Болоња – Аталанта.