Севилја со пресврт до домашна победа над Реал Сосиедад

По двата пораза во низа, Севилја во седмото коло од шпанското фудбалско првенство со пресврт дојде до победата од 3:2 над Реал Сосеидад кој на стадионот „Санчез Пицуан“ дојде осоколен од победите во последните три првенствени натпревара.

Реал Сосиедад поведе во 4 минута а стрелец беше Микел Ојарзбач Нолито во 18 минута израмни за Севилја, а на почетокот од второто полувреме, во 47 минута Лукас Окампо им донесе предост на дмошаните. На 3:1 зголеми Франко Васкез во 80 минута, а Порту во 87 минута го ублажи поразот на гостите.

Мајорка повторно беше поразена, по воведниот пораз нанижа пет порази и остана на претпоследното место. Во недела загуби кај Алавес со 0:2, а головите за домаќинот ги постигна Лукас Перез во 76 минута од пенал и Жозелу во 86 минута.

Нов пораз на домашен терен забележа и Еспањол, а со 2:0 подобар во овој дуел беше Вајадолид. Со истиот резултат Еибар дома ја совлада Селта Виго, а Леванте и Осасуна одиграа 1:1.