Шахпаска: Здравствените власти ќе кажат дали градинките ќе работат со полн капацитет наесен

Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во изјава за Сител ТВ..

Сепак, таа е оптимист и, како што истакна, очекува мирна есен.

– Со систематски пристап, редовни надзори и почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, имаме заокружување на успешен период. Добро поминавме, добри беа показателите, добро беше присуството на деца во градинките. Согласно протоколите, сѐ уште има слободни места за одење на децата во градинките. Јас сум оптимист, нема причина тоа да не биде така, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од вработените во градинките веќе се комплетно вакцинирани, со двете дози – рече Шахпаска.