Шефилд новата сезона ќе ја започне со 12 бодови помалку

Англискиот второлигаш Шефил Венздеј во новата сезоната на Чемпионшип ќе ја започне со 12 бодови во минус поради кршењето на правилата за заработката и одржливоста, објави во петокот водството на Англиската фудбалска лига (EFL).

Шефилд Венздеј во ноември 2019 година беше обвинет за кршење на правилата, бидејќи во продажбата на стадионот „Хилсбороу“, на својот тајландски сопственик Деџфон Чансири се обидел да го попречи прописот за прекумерно трошење.

Во своите финансиски извештаи клубот го вклучил тој приход како заработка за периодот заклучно со јули 2018 година. Со тоа Венздеј го прекршил Правилникот за профитабилнсот и одржливост на EFL, и поради тоа е казнет со одземање на 12 бодови во следната сезона.

Доколку казната беше применет за штотуку завршената сезона, Шефилд Вендздех сега ќе беше третолигап, бидејќи остана осум бодови над зоната на испаѓање од Чемпионшип.

Од клубот изјавија дека ја прифаќаат одлуката не независната дисциплинска комисија, но дека се „извонредно разочарани“ од одземањето на бодовите.

„Клубот ќе ги причека писмениот извештај за причинитите за санкцијата, и по неговото примање ќе ги консултира своите правни советници пред давњето натамошни коментари“, се наведува во соопштението на Шефилд Венздеј.