Шефот на ОН го повика Хамас да ги ослободи заложниците

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на безусловно ослободување на сите заложници во Газа.
Навршија шест месеци од нападот на 7 октомври предводен од Хамас, во кој стотици беа земени како заложници и над илјада убиени.

„7-ми октомври е ден на болка за Израел и светот. Ништо не може да го оправда ужасот што го покрена Хамас“, објави Гутереш на Х, придружувајќи ја видео изјавата.

„Обединетите нации и јас лично тагуваме заедно со Израелците за 1.200 луѓе, меѓу кои и многу жени и деца, кои беа ладнокрвно убиени“, рече тој во говорот.

„Уште еднаш ја осудувам употребата на сексуално насилство, тортура и киднапирање на цивили и повикувам на безусловно ослободување на сите заложници“, заклучи шефот на ОН.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац брзо ја коментираше објавата на социјалните мрежи, повикувајќи го Гутереш да направи повеќе од само зборови и да дејствува преку Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Дојде време по повеќе од шест месеци… Сега, донесете ја формулацијата што ја подготвивте како обврзувачка одлука до Советот за безбедност на ОН, согласно вашите овластувања според член 99, вклучително и наметнување санкции за терористичката организација Хамас – исто како и на Ал Каеда и ИСИС“, објави министерот за надворешни работи како одговор на Х.