Шпанија и Франција потпишаа договор за заштита на индустријата во ЕУ

Американските настојувања за големо државно субвенционирање на ткн „зелени технологии“ не би требало да доведат до гаснете на индустријата во земјите членки на Европската унија, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез во четвртокот по потпишувањето на новиот билатерален договор со францускиот претседател Емануел Макрон во Барселона.

Со договорот двете земји ќе поддржат носење мерки поради заштитата на компаниите од ЕУ од економските присили и неправедни практики, како и на „амбициозната европска индустриска политика насочена на јакнењето на стратешката автономија и капацитетите за закрепнување на Европската унија“.

Договорот е потпишан среде тензичните дискусии во рамките на ЕУ за тоа како да се одговори на мерките на Вашингтон предвидени со Актот за намалување на инфлацијата (IRA).

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ланскиот август донесе инвестициски план наречен Закон за намалување на инфлацијата (IRA) кој предвидува големи повластици за американските произведувачи. Според законот кој го поттикнува пристапот под мотото „купувај американско“, произведувачите на електрични автомобили имаат голема предност доколку произведуваат и купуваат делови за своите производи во САД.

Законот, меѓу другото, вклучува и проширување на даночните субвенции за купување електрични возила кои се склопуваат во Северна Америка и користат батерии произведени во САД од материјали од домашно суровини. Со него се издвојуваат 370 милијарди долари за вложувања во чиста енергија и справување со климатските промени, и 63 милијарди долари за намалување на цените на лекарствата и здравственото осигурување.

Земјите од ЕУ стравуваат дека IRA неправедно ќе ги оштети нивните компании, бидејќи најголем дел од поддршката се однесува само на стоките произведени во Северна Америка.

„Го поздравуваме фактот што САД се придружуваат на зелената транзиција, но мораме да постигнеме договор за оваа транзиција не би довела до доиндустријализација на Европа“, изјави Санчез на заедничката прес-конференција со францускиот претседател.

„Важно е да реагираме многу проактивно. Треба да ја забрзаме нашата зелена технологија и нашата стратегија ‘Направено во Европа“, рече Макрон.

Мадрид објави дека новиот договор за пријателство и соработка со Париз ги подигнува билатералните односи на ниво коешто Шпанија го има само уште со Португалија и дека е во согласност со сличниот француски-германски договор.

Во Брисел и во другите европски престолнини во последно време не го сокриваат своето незадоволство од американскиот IRA. Министри и дипломати од земјите членки на ЕУ го истакнуваа изминатиот период разочарувањето од начинот на кој администрацијата на американскиот претседател Бајден едноставно го игнорира влијанието на своите домашни економски политики врз економиите на европските сојузници. Во ЕУ овој потег го оценија како дискриминаторски кон истите производи увезени од други земји и стравуваат од бегството на инвестициите и селењето на производството од Европа во Соединетите држави.