Шпанија се подготвува за божикната лотарија „El Gordo“

Шпанија во четврток се подготвува за божикните празници, но со подеднаква возбуда за најбогатата лотарија во светот  „El Gordo“.

Долги редици се формираат пред киосците низ Шпанија ден пред извлекувањето на „Божикна лотарија“ на 22 декември, во кое традиционално учествуваат децата од училиштето „Сан Илдефонсо“, поранешен дом за сираци, кои пеат ги објавуваат добитниците на наградите.

„Купив лотарија за целото семејство“, вели Хозе Морено, кој повеќе од два часа чекаше пред малата продавница „Dona Manolita“ во централниот дел на Мадрид, која се смета за најголемото среќно извлекување во Шпанија.

Голема традиција е да се купуваат и да се подаруваат лозовите наречени „decimos“ (десетинка) од по 20 евра на членовите на семејството, пријателите, колегите на работа или во барови и спортски клубови.

Вкупниот награден фонд на популарната државна лотарија е 2,59 милијарди евра, но добивките се поделени на стотици мали добивки. Така извлечените бројки можат да донесат 20 евра – што значи дека добитникот ги вратил вложените пари – и до 400.000 евра, што е најголемата награда наречена „El Gordo“ (Дебелкото), која се доделува на илјадници среќници. кој купил лоз со ист број, доколку е извлечен.

Другите лотарии ширум светот имаат многу поголеми индивидуални џекпотови, но шпанската Божикна лотарија има најголема вкупна сума пари во наградниот фонд.

Извлекувањето, коешто започнува во мадридскиот „Teatro Real“ во петок во 9 часот, трае околу четири часа и ги држи Шпанците залепени за телевизиксите екрани, компјутерите или радијата.

„Секоја година купувам два ‘десимоса’,  едниот за моите родители, другиот за себе. Потоа ја гледаме ждрепката на телевизија и ако победиме, се гушкаме и се радуваме“, вели Карин Аризака, 26-годишна Перуанка која студира и работи како продавачка во Мадрид.

И таа купила лотариски лоз во продавницата „Dona Manolita“, бидејќи тој локал „обично носи повеќе среќа“, многу извлечени броеви биле купени токму таму.

Секој 22-ри  декември, денот на извлекувањето, телевизиите емитуваат снимки од среќните добитници како се гушкаат и наздравуваат со шампањ.

Божикната лотарија е вистинско богатство за создавање топли човечки приказни, како онаа од 2017 година кога 22 вработени од пензионерски дом во сиромашен град славеа бидејќи секој од нив имал барем по еден „десимос“ со награда од 400.000 евра.

Билетите се пуштени во продажба од јули и многу Шпанци ги купуваат додека се на одмор.

Според статистичките податоци, Шпанците трошат просечно 67,11 евра за билети за божиќната лотарија, која континуирано се одржува од 1892 година, па традицијата не ја наруши ниту Шпанската граѓанска војна (1936-1939).