Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави во понеделникот дена на неговата земја ѝ се потребни 15 дополнителни денови вонредна состојба, којашто би траеле до 21-ви јуни, за „дефинитивно да заврши здравствената криза“ предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
Поради тоа оваа седмица Санчез ќе побара од парламентот ново, шесто продолжение на вонредната состојба којашто го ограничува движењето и собирањето за 47 милиони жители на Шпанија.
„Многу направивме. Но ќе ни биде потребно уште едно, поселдно продолжување на вонредната состојба за да го довршиме она што го започнеме“, додаде премиерот.
Неговата влада во четири фази, од нулта до трета, има намера да ги олабави мерките воведени на 14-ти март.
Во понеделникот 70 отсто од шпанската популација влезе во фазата 2 во која нема одреден дневен распоред за излегување во слободно шетање, смеат да се соберат до 15 лица, а сите трговски центр, без оглед на нивната големина смеат да отворат.
Најголемите градови во земјата, Мадрид и Барселона, коишто се и најпогодени до епидемијата, остануваат во фазата 1.
По 21-ви јуни жителите на Шпанија би можеле слободно да се движат во рамките на секоја од 17-те автономни покраини, а од 1-ви јули ќе смеат да патуваат ширум земјата. Тогаш Шпанија има намера да ги отвори границите за странските туристи.
Со коронавирусот во Шпанија вкупно се инфицирани речиси 240.000 луѓе, на дневно ниво се бележат во просек 96 нови случаи на заразата, а починаа над 27.000 лица.